„Којзнае колку си ги имала па затоа имаш кондиломи“ - кое е најлошото нешто кое вашиот гинеколог некогаш ви го кажал?

Кармин

19/11/2019

16:00

7.261

Големина на фонт

а а а

Јелена не престанува да се прашува - дали таа претерува или пак нејзиниот гинеколог навистина бил непрофесионален?

27-годишната Јелена од Белград споделила необично искуство кое го доживеала во текот на посетата на гинеколог. Прочитајте што се случило и споделете ги со нас коментарите и вашето мислење - дали гинекологот ја преминал црвената линија?

„Доживеав необична сцена кај гинеколог кој ми го препорача мојата пријателка. Одам кај него повеќе години затоа што бев бремена и неодамна добив бебе. Кога бев во седмиот месец на бременоста му ја кажав мојата целосна историја - апсолутно сè па дури и за ударот во колено кое за малку требаше да го оперирам затоа што сакав да ја знае целата моја состојба пред да се породам“.  


„Сè беше во ред во текот на мојата бременост, а потоа требаше да се вратам на работа. Затоа неодамна појдов кај него и го прашав кога можам да закажам ПАП тест и дали треба да направам дополнителни анализи затоа што еден стар тест покажа дека имам кондилома. А, тој мене на тоа ми рече:

„Зошто јас не знам за тоа? Па каков живот си имала ти пред бременоста, колку партнери си имала? - рече, а потоа продолжи: И јас му кажав на твојот сопруг дека не ни кажуваш сè. Знам и за оној период кога си требала да одиш на психијатар за да си ја подобриш состојбата, ако сакаш може да зборуваме и за тоа“.


„Ми беше толку многу непријатно што не можам да ви го опишам тоа. Реков, “добро“ и го прашав кога можам да закажам ПАП тест. Ми кажа за тоа да се договорам со сестрата која работи кај него, а дека кај него можам да појдам само на кафе доколку сакам сè да му раскажам. Станав и си заминав“.

„Кога си одев дома размислував - откаде има право еден доктор да ги испрашува блиските луѓе за мојата здравствена состојба, откаде му е правото да мисли дека претходно сум била блудница? Можеби и јас претерувам, но не е целта да ми биде непријатно и да се плашам на секоја следна средба поради тоа што ќе ме праша тој“.

Што мислите вие?


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk