„Живеев на само 150 метри од Берлинскиот ѕид! Често бев љубопитна да погледнам што има позади него, но потоа...“ - детството на популарната гермнаска пливачка

Кармин

18/11/2019

15:46

3.163

Големина на фонт

а а а

Франциска Ван Алмсик, легенедарна германка пливачка и една од најхаризматичните германски спортисти во историјата, освојувачка на 10 олимписки медали и двократна светска првенка. Имала 11 години кога на 9-ти ноември 1989-та година, Гинтер Шабовски објавил дека граѓаните на Источна Германија би можеле веднаш или без никакви проблеми да патуваат на Западот.

Франциска живеела во источен Берлин, а на говорот не се сеќава, но добро ги памети деталите од детството од другата страна на железната завеса.

По повод одбележувањето на 30 години од рушењето на берлинскиот ѕид, настанот кој бил пресврт во европската историја кон крајот на 20-от век, се присетила на случувањата од своето детство.

„Само знам дека моите родители и постариот брат, кој тогаш имаше 16 години накратко дојдоа дома и рекоа: „Денес ќе јадеш сама, ние мора да одиме“. Седнав на фотелјата и ги пресеков српот и чеканот од знамето на Источна Германија“ - рекла Франциска.

Објаснила и зошто го направила тоа.


„Го вклучив западниот програм затоа што мислев дека во метежот ќе ги видам и своите родители. Немав никакви мисли, едноставно видов дека таму знамињата се поразлични. Ние сè уште го имавме тоа нешто на средината од знамињата. За мене тоа и не беше нешто посебно. Можеби и затоа станав првата сегерманска девојка затоа што тоа за мене не беше некоја голема работа. Пред тоа не сум го напуштала Источниот блок: Бугарија, Романија, одмор во Унгарија или пак на Северно море... Не смеевме да одиме во тоа “капиталистичко странство“. Немав поим дали светот изгледа поразлично во Италија или Шпанија. Единствено што тогаш ми падна на памет беше дека ќе ја посетам мојата тетка во Западен Берлин“ - изјавила таа.

Франциска е “дете на Ѕидот“, од неговите врати била оддалечена само 150 метри.

„Често бев љубопитна да погледнам што има позади ѕидот. Еднаш добив укор во училиште затоа што на девет години повеќе пати ја фрлив топката преку Зидот кој беше веднаш позади нашиот училишен ѕид, а потоа поради тоа морав да одам кај директорот. Тој тогаш ми зборуваше дека тоа е забрането, а јас не сфаќав што точно е забрането“.


„Луѓето кои се грижеа за нас на натпреварувањата секогаш ни зборуваа да не разговараме со Белгијците, Французите или Италијанците туку дека нашите пријатели се Романците, Полјаците и Југословенците“ - објаснила Франциска.

Границата ја преминала набрзо по падот на Ѕидот.

„Се сеќавам дека со моите родители ја преминав Бранденбуршката врата и дека тргнавме кон Курфурстенд. Се сеќавам дека тогаш во кафулето “Kranzler“ изедов голем сладолед во чаша со шлаг. Тоа беше сладоледот на мојот живот. И ние на Истокот имавме добар сладолед, но кога го пробав овој се чувствував како да сум на седмо небо“ - изјавила популарната пливачка.


Таа вели дека на почетокот не сфаќала колку може да биде сериозна ситуацијата.

„Дури подоцна сфатив. Во некои ситуации во воздухот сè уште стоеше прашањето дали некој ќе почне да пука“ - се сеќава таа.

Во однос на пливачките базени во кои тренирала пливање, таа истакнува:

„Знам дека на Исток се користеше повеќе хлор, но повеќе ја паметам храната. Беше подобра и поразлична. Целосно ја сменив исхраната по падот на Берлинскиот ѕид. Како пливачка морав многу да јадам“ - вели Франциска. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk