Еден полицаец во Хонгконг денес е ранет со стрела за време на судирите меѓу демонстрантите и полицијата.
Ранетиот полицаец бил распореден во кварт во близина на Политехничкиот универзитет.
Полицијата објавила фотографии од својот припадник кој со стрела бил ранет во нога.
Во Хонгконг е забележан пораст на насилствата минатите седмици со интензивни улични судири на полицијата и демонстрантите, како и на судирите на универзитетите.
Антивладините протести влегле во шестиот месец.