Хаос во Франкфурт: Се судриле авони на аеродром, вистинска среќа е што нема настрадани

Точка

17/11/2019

13:02

2.737

Големина на фонт

а а а

Авион на јужнокорејската авио-компанија Korean Air се судрил со авион на Air Namibia по слетувањето на аеродромот во Франкфурт.

Судирот се случил во саботата во 18:20 и притоа биле оштетени хоризонталниот стабилизиратор на корејскиот "Boeing 777" и врвот на крилото на авионот на Air Namibia. 

Како што се наведува, притоа никој не бил повреден.

Франкфуртската контрола за лет утрово потврдила дека се случил инцидент, поради кој на 21 час бил одложен летот кон Сеул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг