Интер по рецептот на Јувентус: Во летниот преоден рок носи дури пет фудбалери кои ќе се слободни агенти

Дерби

16/11/2019

13:50

2.771

Големина на фонт

а а а

Реновирањето на Интер со сигурност ќе продолжи и во јануари и во летниот преоден рок.

На Антонио Конте засега одлично му оди иако во неколку наврати се пожали дека нема доволна бројка на квалитетни и искусни фудбалери.

Трансфер метите за јануарскиот преоден рок се веќе познати, а предничи интересот за Немања Матиќ од Манчестер Јунајтед. Се споменува и ангажман на Дејан Кулушевски од Парма кој треба да донесе дополнителен квалитет во офанзивата на тимот.

Интересно е тоа што Интер веќе пикирал дури пет фудбалери кои би требало да пристигнат во тимот како големи засилувања а ќе ги чинат 0 евра. Имено, сите фудбалери ќе бидат слободни агенти, па така ќе може да се преселат на „Меаца“.

Станува збор за Јан Вертонген и Кристијан Ериксен од Тотенхем, потоа за Лајвин Курзава и Томас Меуние од редовите на ПСЖ како и за Дрис Мертенс кој речиси сигурно ќе остане во Наполи до крајот на оваа сезона и нема да ја менува средината во јануарскиот преоден рок.

Интер ќе се соочи со битка за да ги обезбеди потписите на играчите, посебно тој на Кристијан Ериксен затоа што за Данецот сериозен интерес има од неколку топ клубови од Европа меѓу кои и Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг