Од лошо, полошо: Малта прими седум гола од Шпанија, селекторот си ја расцепи главата на клупата

Дерби

16/11/2019

13:44

3.081

Големина на фонт

а а а

Шпанската фудаблска репрезентација немаше милост на натпреварот во Кадиз и со седум гола ја испрати селекцијата на Малта назад за Валета, средба која посебно по лошо ќе ја памети гостинскиот селектор кој имаше и една незгода на клупата.

При резултат 5:0, нервозниот Рејмонд Фаруџа несакајќи се удри во конструкцијата на клупата за резерви, но ударот беше до толку силен, што стручњакот си ја дупна главата. Лекарскиот тим неколку минути се справуваше со неговата расекотина на главата, а до крајот на мечот, гостите примија уште два гола за конечни 7:0.

– Си ја забив главата во горниот дел и морав да седам. Од последните 20 минути од мечот, не се сеќавам речиси на ништо, – изјави конфузниот Фаруџа по пресметката во Кадиз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг