Реал во дербито на осмото коло на Евролигата ја совлада Барселона со 86:76, но по таа средба протече снимка која убаво ја “здрма“ јавноста во Шпанија.
Познато е големото ривалство на шпанските клубови кои речиси во сите спортови имаат претставници кои водат борба за титула.
Очигледно дека мотивацијата поголема од борбата за титула на Пиринејскиот полуостров не е потребна, но некои луѓе најмногу од сè сакаат омраза.
Тоа е случај со тренерот на Реал кој имал говор кој е очаен, непристоен и понижувачки за ривалот.
„Ве чека натпревар против најголемата банда глувци во Евролигата“ - врискал со цела сила.
За тука да не запре скандалот се потрудил и снимателот од клубската телевизија на Реал кој сето тоа го засведочил во видео.