Кејти Пери е бремена? - Орландо Блум призна дека повторно...

Кармин

15/11/2019

16:49

4.473

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Орландо Блум и популарната пејачка Кејти Пери се верија за Валентајн, но уште не го потврдија датумот за венчавка.

42-годишниот актер е татко на 8-годишниот Флин Кристофер, кој го има со поранешната сопруга Миранда Кер, а сега е подготвен да го прошири семејството со вереницата Кејти Пери, на која тоа би ѝ било прво дете.

„Навистина сакам да уживам со семејството и со пријателите, да уживам со мојот убав син и да имам уште деца“, открил Орландо во интервју за магазинот „Man About Town“, пренесува „Hollywood Life“.

„Сакам да бидам сигурен дека кога со полно срце ќе се впуштам во тоа, јасно ќе знам што тоа значи, за разлика од некои романтични идеи за тоа што значи да бидеш во врска“, изјавил тој.

Орландо за Валентајн ја запроси Кејти, со неверојатен дијамантски прстен во облик на свет со црвен рубин во средина.

Единствениот накит совршено се вклопува со личноста на Кејти, а двајцата на Инстаграм ја објавија новоста и така ја прославија веридбата.

Кејти беше венчана со комичарот Расел Бренд од 2010-та до 2012-та година, додека бракот на Орландо и Миранда траел од 2010-та до 2013-та година. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk