На социјалните мрежи неодамна се појавија голи фотографии од пакистанската поп ѕвезда Раби Пирзада, а после големите реакции, некои ѕвезди од тамошната индустрија искажале емпатија кон пејачката и и самите објавиле фотографии на кои се голи.
Пакистанско-авганистанската актерка, Малиша Кена Кан, отворила нов профил на Твитер само за да сподели црно-бели фотографии во знак на поддршка на колешката. Покрај фотографиите ставила хаштази #SupportRabiPirzada и #iamrabipirzada.
Истото го направила и Ишика Борах, која се опишува како “единствена оригинална индиска порно ѕвезда“.
Протестот на Твитер доаѓа неколку денови откако Пирзада најавила дека го напушта шоубизнисот поради 18+ фотографиите и снимките кои се појавија на интернет. Додека во Пакистан многумина ја обвиниле за непримерност, на социјалните мрежи добива поддршка од сите страни на светот.
Сè уште не е познато како нејзините фотографии стигнале на интернет, а некои веруваат дека за тоа е заслужен нејзиниот поранешен партнер. Некои мислат и дека мотивот бил политички, со оглед на тоа дека Пирзада отворено го критикувала индискиот премиер и неговата политика кон Кашмир.
I personally support @Rabipirzada
— Midhun Ganga (@Midhun_Ganga) November 13, 2019
The way to right wrong is to turn the light of truth upon them. #supportrabipirzada#LovefromIndia 🇮🇳 pic.twitter.com/mOdOS4CJG3
Во твитот со кој најави повлекување од шоубизнисот, Пирзада побарала милост од Алах. Според пакистанските медиуми, таа моментално е на аџилак во Мека, т.н. Умра.