Мајката на популарниот пејач со негова фотографија од болничкиот кревет ги шокираше неговите фанови

Точка

15/11/2019

13:57

10.000

Големина на фонт

а а а

Арон Картер хоспитализиран е од непознати причини. Неговата мајка Џејн Картер објавила фотографија од болница и ги загрижила неговите многубројни фанови.

„Мајка ти ќе се грижи за тебе“ - напишала Џејн покрај фотографијата на својот син кој лежи во кревет во една од болниците во Флорида. На Твитер додала дека таа управува со неговите социјални мрежи додека тој не закрепне.

Картер неодамна ги шокираше фановите кога признал дека се бори со психички проблеми. Во текот на интервјуто во емисијата “The Doctors", Арон на гледачите им покажал торба полна со лекови кои ги користи за шизофренија, биполарно пореметување, депресија и акутни тешкотии.

View this post on Instagram

Mommas gonna take care of you

A post shared by Aaron Carter (@aaroncarter) on

Очигледно дена Кореј Фелдман, со кој Картер соработувал во шоуто “Marriage Boot Camp: Family Edition“ знае повеќе за неговата состојба затоа што ги повикал фановите на Арон да му дадат поддршка “без оглед на тоа што тие двајца во минатото имале несогласности“ - напишал Фелдман и рекол дека наскоро ќе бидат откриени повеќе детали околу состојбата на Арон. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг