Поранешната Мис Универзум ги открила тајните со кои ја одржува совршената фигура

Кармин

15/11/2019

13:14

4.281

Големина на фонт

а а а

Оливија Кулпо, поранешна Мис Универзум, открила дел од тајните за својата исхрана и вежби со кои ја одржува завидната фигура.

Во интервју за “Hollywood Life” таа признала дека здравјето ѝ е во фокусот, а нејзиното фит тело е само нуспроизвод од сето тоа. 

“Се обидувам да водам здрав животен стил кој е одржлив и затоа немам потреба од диети поради кои би се чувствувала надвор од форма или безволно. Кога вежбате и се храните здраво, се чувствувате одлично, а тоа се гледа и однадвор. Тоа е мојата цел”, рекла Кулпо.

Додала и дека тренира неколку пати неделно и секогаш има за цел тоа да бидат вежби за целото тело. Манекенката позната по затегнатите стомачни мускули има и совет за рамен стомак – смета дека тајната е во кардио вежбите па затоа честопати трча за да ја забрза работата на срцето.

“Кардиото игра важна улога во добивање на стомачни мускули”, вели Оливија.

Кога не трча, таа вежба пилатес за да ги зацврсти своите раце и нозе. Смета и дека вежбите за истегнување имаат позитивно влијае врз нејзиното тело, особено кога вежба со тегови.

Што се однесува до исхраната, таа претпочита протеини и зеленчук, а за ужина најчесто консумира овошни јогурти и бадеми.

“За појадок обожувам да јадам гранола со јагоди. Некогаш додавам млеко, некогаш јогурт”, вели Кулпо.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk