Марија Андева: Ориенталниот танц - повеќе од забава

Точка

15/11/2019

12:17

8.004

Големина на фонт

а а а

Петочки, опуштено и разиграно. А зошто да не танц? Зошто да не ориентален танц? Можеби, некому за момент ќе го потсетиме на летните спомени, море и плажа, особено ако се одморал некаде на Ориентот.

Но, танцот не влијае само на расположението. Од танцот има и други придобивки, затоа не познава старосни граници. Марија Андева е дипломиран балетски педагог за модерни танци. Во оваа прилика, на вас читателите на Точка, ќе ви раскаже нешто повеќе за ориенталните танци. 

Од кого учевте ориентален танц? 

- Доусовршувањето конкретно за ориентален танц е комплексно и принудува посета на многу семинари, работилници и обуки надвор од нашата земја. Помеѓу последните кои сме ги посетиле можам да ги набројам: 

Каиро Dance Fest 2019 vo Budimpe[ta, Мијен Луџ во Копаоник, Fairytales Festival 2016 во Белград и многу други, каде посетувавме кратки работичници кај врвни професионални инструктори од целиот свет. За нашата професионалност говори, покрај студиото овде, новото кое го отвораме во Кушадаси Турција -срцето на Ориентот.


Како изгледа еден час по ориентални танци? 

- Почнуваме со вежби, потоа комбинации за изучување на техника (основни и напредни чекоти), кореографија преку која се изучуваат различните стилови на ориенталниот танц во зависност од музиката и на самиот крај има вежби за обликување и истегнување на мускулите. Во принцип забавно и разиграно.

После колку време вежбање би можеле да бидеме добри во ориентален танц? 

- За се научи целиот танц тешко е да се одреди време, сепак тоа е фолклор на една цела област која е жива и константно се менува. Но, за да се научат основите доволни се неколку месеци. Се понатаму е прашање на желба за усовршување.  

Покрај забава, опуштање, бегство од секојдневието и придобивките на современата технологија, кои се останатите бенефити? 

- Во зависност од генерациската разлика, бенефитот кај децата е правилниот раст и развој на телото, подобрувањето на мускулната меморија, подобрување на менталниот склоп, социјализирање.... Додека кај возрасните делува добро на абдоменот, обликувањето на телото, ослободувањето од стрес, одржувањето на здравиот дух и што е најважно ширење на позитивна енергија. 

За што вежбаат најчесто, од забава или поради придобивките? 

- И за двете. Од забава доаѓаат оние кои ја сакаат ориенталната музика и сакаат да танцуваат дружејќи се на часовите. Додека пак оние кои обожуваат да спортуваат, ориенталниот танц е приспособен преку кардио и аеро вежби совршено да го обликуваат женското тело. Потребно е само да ги сакате танцот и музиката, да го научите истиот. Погоден е за сите возрасти и не е потребна претходна подготовка. 

Фото: Тоше Јанев

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг