Хари и Меган му го честитале роденденот на принцот Чарлс, а Арчи го украл целото внимание

Кармин

14/11/2019

16:50

3.685

Големина на фонт

а а а

Кралскиот пар, принцот Хари и Меган Маркл, 71-от роденден на принцот Чарлс му го честитале со досега невидена фотографија од крштевката на синот Арчи.

Фотографијата од трите генерации, принцот Чарлс, неговиот син - принцот Хари и внукот Арчи, го растопи светот.

„Среќен роденден на неговото височество, принцот Велс“, напишале на нивниот официјален Инстаграм профил со црно-бела фотографија.

Принцот Чарлс нежно му се насмевнува на малиот Арчи, кој во раце го држи принцот Хари. Фотографијата е направена на 6-ти јули, на денот на крштевката на Арчи, кој тогаш имал два месеци. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk