Сака да експериментира, но не ѝ успева секогаш: Џенифер Лопез во модно парче за кое модните критичари велат големо “НЕ“

Кармин

14/11/2019

14:53

3.284

Големина на фонт

а а а

На премиерата на филмот “Hustlers“ се појавила и главната актерка Џенифер Лопез во многу необична модна комбинација.

Џеј Ло оваа година наполни 50 години, а на премиерата на филмот дошла облечена во смарагдно-зелен аутфит кој на многумина им го привлекол вниманието поради една причина.


Зелениот џемпер со крзнени детали го искомбинирала со сатенски зелени панталони.

На нозете носела салонки во истата боја од модната куќа “Џими Чу“, а модните критичари овојпат велат “не“ за латино дивата поради панталоните кои ги носела.


Можеби станува збор за свила која лесно се гужва и речиси никогаш не изгледа достоинствено и шик или пак оваа модна комбинација самата по себе не може да се спои. 

Што мислите вие? 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk