Две куќи кои се наоѓаат во регионот прогласени за најубави во Европа - “ѕирнете“ во нив

Кармин

14/11/2019

14:22

4.295

Големина на фонт

а а а

Петта година по ред “European Holiday Home Association“ доделува награди за најубави куќи кои се наменети за одмор.

Наградите се доделуваат во осум категории, а од 67 финалисти од 17 земји имало 11 куќи кои се наоѓаат во Хрватска.

На крајот од натпреварот токму куќите од Хрватска ја однеле титулата за најубави во Европа - едната се наоѓа во Корчула, а другата во околината на Чаковец.

Доделувањето на наградите се одржало во Барселона, а наградата за најдобра куќа за одмор во Европа ја земала куќата “Гран Виста“ од местото Драгославец недалеку од Чаковец.

Најдобра куќа за wellness одмор е “Вила Палма“ од Корчула, која досега има освоено неколку слични титули.

“Вила Палма“ се простира на два катови, однадвор е обложена со камен, а може да се пофали и со голема тераса и базен.


“Гран Виста“ исто така има простор за примање на осум гости. Се простира на 150 метри квадратни, а највпечатливо нешто е каминот во нејзината дневна соба. Има и голема тераса со простор за правење скара, градина со базен и езерце и мост.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk