Докторите се во шок - жените се самозадоволуваат со овој предмет кој може да биде исклучително опасен

Кармин

14/11/2019

13:40

5.650

Големина на фонт

а а а

Користењето на сексуални играчки за да се самозадоволите не е непозната работа. Самозадоволувањето и понатаму е табу тема, а истражувањето кое го објавиле од “Lovehoney“ открило дека секс играчките можат да го зголемат траењето на женскиот оргазам за дури 17 отсто, па кој тоа не би го посакал?

Проблемот настанува кога ќе посегнете по необични секс помагала кои можат да бидат опасни по здравјето на вашите гениталии.

Докторите досега предупредувале за многубројни здравствени проблеми и непријатности кои можат да се случат во текот на самозадоволувањето.


Пред неколку месеци странските медиуми пренеле предупредување од докторите дека во вагината не треба да се става мраз, односно сладолед затоа што на тој начин жените се обидуваат да се разладат во текот на топлотните бранови.

Британскиот портал “Метро“ пишува за случајот на жената која признала дека долго се самозадоволува со електрична четка за заби и во тоа не била единствена.

„Користење на било каков предмет кој не е наменет за мастурбација со себе носи одредени ризици. Дури и секс играчките не се детално измиени што можат да доведат до уринарни инфекции“ - вели д-р Дајан Гал.


„Конкретно, електричната четка за заби може да ви нанесе повеќе штета отколку корист. Вибрациите од влакната на четката можат да го оштетат или повредат ткивото на вагината и така да предизвикаат воспаление. Раните кои настануваат им овозможуваат на бактериите да стигнат до вашиот организам и крвоток. Уште ако за самозадоволување користите четка за заби која ја користите, ризикот за бактерии е многу поголем“ - предупредила докторката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk