Вооружен напад на колеџ во Русија: Студент отворил оган кон своите колеги, па се самоубил

Дерби

14/11/2019

09:26

1.763

Големина на фонт

а а а

Најмалку еден студент загина, а тројца се повредени откако 19-годишен студент отворил оган кон своите другари, а потоа се самоубил на колеџ во рускиот град Благовешченск.

Вооружен со сачмарка, напаѓачот влегол во предавалната и отворил оган. Повредил неколку лица, а едно од нив им подлегнало на повредите. Кога полицијата пристигнала на местото на нападот, тој одбил да се предаде и се самоубил.

„Телата на две лица, вклучувајќи го и телото на напаѓачот се пронајдени на местото на нападот. Три лица се повредени во нападот на колеџот. Меѓу повредените има двајца тинејџери и уште едно младо лице“, изјави локалниот министер за здравство.

##https://twitter.com/Kislenky/status/1194817456705081346##

Полицијата долго време се задржала на местото на нападот, а истражителите допрва треба да ги утврдат мотивите за нападот. Според првичните информации, постоело непријателство помеѓу колегите на колеџот, па тоа може да биде една од причините.

Рускиот закон за огнено оружје им овозможува на граѓаните постари од 18 години да добијат дозвола за оружје за самоодбрана, спорт и лов, како и за колекционерите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг