Им забранила телефон и таблет на децата: „Беше полесно од што мислев, а промената е неверојатна“

Точка

13/11/2019

22:22

7.092

Големина на фонт

а а а

Повеќето денешни деца некој дел од денот го поминуваат гледајќи цртани филмови и песни на телефоните и таблетите на родителите.

Една мајка од Калифорнија открила како забраната за гледање во екраните го трансформирала животот на нејзиното семејство.

Моли Дефранк вели дека некогаш им дозволувала на децата да гледаат во екраните еден час дневно. Кога најмалото дете ѝ го побарало телефонот за да гледа цртани, тоа за неа и нејзиниот сопруг било знак дека треба нешто да се преземе.

За време на вечерата им соопштиле на децата дека повеќе нема гледање цртани, со што предизвикале солзи кај нив, но набрзо го преболеле овој факт.


„Она што почна како 30-дневен детокс од екраните се претвори во животен стил на 5 деца помали од 10 години“, рекла мајката.

„Отстранувањето на телефоните беше изненадувачки лесно, а мојата 9 годишна ќерка дури ми рече дека е среќна што ја исфрливме оваа навика. Оттогаш нашите деца почнаа да читаат и станаа многу покреативни“, додава таа.

„Сега во ресторани, наместо телефони и таблети носиме книги. Почнаа повеќе да си играат меѓу себе, дури направија и сопствено училиште во кое што учат. Не можев да поверувам колку е ова всушност лесно“, заклучила Моли.




Спонзорирани линкови

Маркетинг