Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Макфакс

13/11/2019

22:04

2.181

Големина на фонт

а а а

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на Словенија, објави словенечката телевизија „24 ур“.

Пратката, чија вредност на црниот пазар се проценува на 87 милиони евра, била адресирана до компанија во Будимпешта, а ја открило полициско куче, соопшти полицијата.

Дрогата била скриена во контејнер со 437 ролни полиетиленска фолија. Полицијата откри 1.421 пакувања хероин, со тежина од 730 килограми, најголема количина од оваа опасна дрога запленета во Словенија во последните 30 години.


Словенечките власти веднаш ги известиле своите унгарски колеги и тогаш било откриено дека криминална група од Унгарија го организирала транспортот на контејнер со дрога од Иран, наменета за унгарска компанија.

Анализата на дрогата откри дека станува збор за хероин со висока чистота, мешавина со 70 проценти чист хероин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг