Корбин ги провоцира Американците: Би било полн погодок да го фатеа Багдади жив, но добро е што е отстранет!

Точка

13/11/2019

22:02

1.706

Големина на фонт

а а а

Би било полн погодок доколу лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал Багдади беше фатен жив, но добро е што е “отстранет“ од сцената, рекол денеска лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин.

Багдади заедно со три негови деца загина така што активираше елек со експлозив додека бегаше од американските сили за време на нападите во северозападна Сирија, соопшти претходно американскиот претседател, Доналд Трамп.

Корбин, долгогодишниот критичар на надворешната политика на САД, кој се надева дека ќе го наследи Борис Џонсон како британски премиер после изборите на 12-ти декември, рекол дека на луѓето како Багдади треба да им се суди пред Меѓународниот суд за правда во Хаг.


„Тоа што е отстранет од сцената е многу добра работа“, рекол Корбин за британскиот LBC.

„Ќе беше одлично ако можеше да се уапси, а јас во овој момент не ги знам сите детали и околности, видов само различни соопштенија кои за тоа ги издаде САД“, додал тој. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг