Иако стилот на Кејт Мидлтон се базира на модни класици и едноставни дневни парчиња кои секоја жена би требало да ги има во својот гардеробер, во едно вакво парче досега не сме ја виделе.
Во прашање е обична бела маица која војвотката совршено ја вклопила во својата последна модна комбинација.
Кејт вклопила беспрекорен стајлинг за есен кој во овој случај подразбира сиво карирано сако и бордо панталони со кои совршено прилега белата маица.
Изгледот го надополнила и со црни салонки од превртена кожа, но и црн кожен ремен.
Војвотката, како и секогаш, внимавала на сите детали па на сето тоа додала и впечатливи сребрени обетки кои ги нагласила така што на едната страна ја ставила косата позади уво.