Овој рибар на дното на морето пронашол потенцијално богатство вредно милиони, но пет години не може да стигне до него - еве зошто

Точка

13/11/2019

21:37

4.611

Големина на фонт

а а а

Во 2014-та година, откако неговата “GoPro“ камера која ја закачил на рибарската мрежа и ја спуштил на дното во водите на Калифорнија снимила злато, овој рибар е во потрага по истото.

Кога една септемвриска ноќ истата година во околу 2 часот наутро видел дека неговата камера снимила, жотленикав, правоаголен објект, Џо толку многу вреснал што ја разбудил неговата сопруга.

Тој верувал дека пронашол злато, а врз основа на снимката тој смета дека на таа локација има вистинско злато. Во текот на наредните пет години Џо вложил огромни напори за да утврди што точно нашол.


Изнајмил нуркачи, адвокати, разговарал со експерти од американската Национална агенција за океани и атмосфера.

Еден од експертите дури изјавил дека неговото откритие би можело да биде вредно и 55 милиони долари. Џо изминатите години бил опседнат со таа тема, но тој денес не го поседува тоа богатство ниту пак утврдил што би можело да биде тоа.

За тоа постои голема причина. “Златото“ кое што тој го видел стои на длабочина од 305 метри во заштитеното подрачје во заливот Монтереј во кое оди поради риболов.


Поради федералните закони Џо не смеел таму да прави ништо друго освен да лови риба. Казните за прекршокот на овој закон изнесуваат над 100.000 долари од ден.

Џо сепак одлучил да ризикува и да види што навистина има таму долу. Видел нешто кое личело на ковчег кој некогаш можеби имал злато во него. Но, за жал поради ограничување од опремата која ја имал морал на крајот да се врати дома не дознавајќи што има таму долу.

Оваа приказна нема среќен крај. Од ова Џо научил дека животот не е филм и не е нималку лесно да се дојде до потонато богатство. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг