Каније Вест го менува името и се кандидира за претседател на САД!

Точка

13/11/2019

20:32

3.121

Големина на фонт

а а а

Контроверзниот рапер, Каније Вест, не престанува да изненадува со своите изјави и постапки.

Сега објави дека во 2024-та година ќе се кандидира за претседател на САД, но и дека претходно најверојатно ќе го промени името.

„Кога луѓето велат дека е лудо да се нарекувате милијардер, тогаш мислам дека треба да го променам името во 'Christian Genius Billionare Kanye West', сè додека не сфатат сите што точно значи тоа“, рекол Каније неодамна, осврнувајќи се на можноста за кандидатура.

„Кога ќе се кандидирам за претседател во 2024-та...“, рекол Каније, на што публиката изреагирала со смеење.

View this post on Instagram

Power couple! #kimkardashian #kanyewest

A post shared by Claire Kim (@throwaway132455) on

„Што се смеете сите?“, прашал. „Сите велат дека Каније е луд. Секој трет Афроамериканец е во затвор и сите селебрити се во затвор бидејќи им е премногу страв да кажат такво нешто“, додал тој и рекол дека ќе ја зголеми вработеноста на луѓето во САД ако стане претседател.

Овој рапер веќе со ништо не може да ги изненади своите фанови, па дури ниту со претседателска кандидатура. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг