Хаотични сцени од улиците на Хонгконг: Жена претепана со метални палки

Точка

13/11/2019

18:12

3.049

Големина на фонт

а а а

Во понеделникот била објавена слична снимка на која се гледа дека група млади момчиња запалиле еден маж кој се судрил со нив.

Демонстрациите во Хонгконг траат со месеци, а тоа што почнало како мирен протест против спорниот закон за екстрадиција, секоја недела го шокира светот со насилството во кое се претворило. Уште една снимка од улиците на Хонгконг се појавила во медиумите. На неа се гледа како маскирани демонстрантите обиколуваат, а потоа и удираат една жена. 

Како што пишува "Russia Today", до судирот наводно дошло поради несогласувањата меѓу таа жена и демонстрантите со палки. На снимките се гледа како жената се обидува да ги избегне, но тие сепак ја фрлаат на земја.

Еден од демонстрантите потоа зема метална палка и ја удира во глава. Новинарот кој се наоѓа во близина и помогнал да стане, а се гледа дека на лицето има крв. Сепак, ја стигнале и ја удриле повторно. Ја заштитил маж со своето тело.

Снимката наводно настанала во понеделникот и "Russia Today" наведува дека ја игнорирале бројни медиуми, и дека некои коментатори наведуваат дека на снимката не се гледа контекстот на судирот.

Инаку, во понеделникот исто така била објавена слична снимка на која се гледа дека демонстрантите запалиле еден маж кој се судрил со нив.



Спонзорирани линкови

Маркетинг