Конте: Не можат сите да го издржат моето темпо

Точка

13/11/2019

16:45

2.021

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Интер, Антонио Конте вели дека секогаш се труди да го даде својот максимум, па затоа истото го бара и од своите играчи.

Интер оваа сезона во домашното првенство игра во одлична форма. Избраниците на Конте после 12 одиграни кола се наоѓаат на второто место на табелата во Серија А со само бод заостаток зад Јувентус. Досега во домашното првенство остварија 10 победи, еден нерешен резултат и еден пораз.

„Морам да бидам првиот кој го прави тоа што го барам од играчите, а тоа е да дадат не 100%, туку 110% од своите можности. Единствено ако дадам личен пример, тогаш можам да го очекувам истото и од нив“, изјави Конте и додаде:

„Кога ќе пристигнете во нов клуб морате да бидете свесни дека се немаат сите навикнати на вашето темпо на работа и ризикувате некој да ве напушти ако не може да го следи тоа. Меѓутоа, ако клубот има амбиција да освои нешто, тогаш единствено решение се победите. Ние мораме да победуваме и да пишуваме историја. Можеби нема секогаш да победуваме, но многу е важно да знаеме дека сме дале се од себе“, изјави Конте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг