Реал ги соборува сите рекорди: 400 милиони евра за Мбапе

Точка

13/11/2019

16:39

2.153

Големина на фонт

а а а

Мадридскиот клуб подготвува вртоглава сума која ќе им ја исплати на ПСЖ за услугите на младиот Французин Килијан Мбапе.

Како што пренесуваат француските медиуми, наводно „Кралевите“ биле подготвени за услугите на 20-годишниот француски репрезентативец да издвојат неверојатни 400 милиони евра.

Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до 2020-та година, а оваа сезона во француското првенство постигна пет погодоци и три асистенции на седум натпревари.

Претходно се појавија информации дека еден од најталентираните фудбалери на светот не е заинтересиран да го продолжи договорот со парискиот клуб, па сега останува под знак прашалник каде ќе ја продолжи својата кариера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг