Фото-робот од убиецот на водачот на “Алкатраз“: Пријателите на Кича и снимките од безбедносните камери го препознаа убиецот

Точка

13/11/2019

22:28

13.821

Големина на фонт

а а а

Полицијата направила фото-робот од убиецот на Љубомир Марковиќ Кича (39) врз основа на снимките од безбедносните камери и описот на сведоците на ладнокрвното убиство среде улица.

Водачот на навивачката група “Алкатраз“, убиецот во светла, долга јакна го пресретнал пред местото на кое Љубомир играл мал фудбал на Вождовец. Без оглед на безбедносните камери, кои ја покриваат оваа точка ниту пак за многубројните сведоци, среде улица му пришол и почнал да пука. Кича почнал да бега преку улицата кон бензинската пумпа, меѓутоа на ладнокрвниот убиец ниту тоа не го запрело - му пришол, а кога паднал на земја во главата му испукал два куршуми и го убил.

Сето ова го виделе неколку пријатели од убиениот водач на навивачите кои заедно со него излегле од местото каде што играле мал фудбал.


Токму со нивна помош и снимките од безбедносните камери, полицијата направила фото-робот од убиецот. Убиецот на своето лице немал маска, но на главата имал капа за да може да се заштити од безбедносните камери, меѓутоа неговото лице го виделе пријателите на убиениот кога им пришол. Како што се гледа од снимките, неколку од момињата се вртат кога убиецот му приоѓа на Марковиќ, а тој штом го видел лицето на убиецот почнал да бега, но безуспешно.

Полицијата сега има и важна трага која може да доведе до апсење на сторителот на ова злодело и во овој момент во МУП Србија имаат индиции за тоа кој е директниот избршител на ова убиство.


За неговото апсење потребно е да се направат уште некои вештачења и да се соберат дополнителни доказни материјали. Во текот е идентификацијата.

„Полицијата се води според снимките од безбедносните камери како и тоа што убиецот не го криел своето лице. Иако со големиот капут кој го носел се обидел да се сокрие него го издале неколку детали. Има карактеристичен од и движење. Изгледа како и самиот Марковиќ да го препознал“ - наведува соговорникот.

Потрагата по убиецот е насочена и кон луѓето кои можеби со Марковиќ се сретнале во затворот каде што тој поминал девет и пол години откако бил осомничен за убиство на Брис Татон. Можно е убиецот да бил заедно со него позади решетки.


„Нивните погледи во еден момент се сретнаа. Кича гледаше во него неколку секунди и потоа почна да трча. Во текот на бегството тој извади пиштол, но не успеа да го искористи бидејќи убиецот прво го рани, а кога тој падна и убиецот му пукаше во глава. Потоа побегна во паркот. Недалеку оттаму, го чекал неговиот соучесник во возило BMW“ - вели извор кој е близок на истрагата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг