Првата дама на Америка Меланија Трамп е модно “озлогласена“ затоа што секогаш носи добри и скапи парчиња облека. Таа во друштво на својот сопруг Доналд Трамп синоќа носела капут кој некогаш бил хит во зимската сезона и сега повторно се враќа во мода.
Додека се одвивала политичката драма помеѓу демократите и републиканците во Америка, Меланија, како и вообичаено не се огласува по прашањата за политиката и продолжува да го прави она во кое секогаш е најдобра.
Првата дама пред белата куќа се прошетала во сивиот капут со ситна црна текстура. Овој модел бил многу популарен во 90-те години. Широки ракави и широк пад е спротивно на она кое беше популарно - струкирани капути.
Со оглед на тоа што пристигнува ладното време во наредните месеци, капутот кој го носеше Меланија Трамп е знак дека слични модели на тој ќе бидат најголем хит оваа сезона. Воедно ова е враќањето на модата од 90-те години.