Измешала само две состојки и се ослободила од мувлата: Плочките преку ноќ повторно станале бели, а сите се воодушевиле од резултатот!

Точка

12/11/2019

19:23

6.690

Големина на фонт

а а а

Една Британка во Фејсбук група во која корисниците објавуваат трикови и совети поврзани со чистењето, открила како да се ослободи од мувлата без преголема мака.

Прво барала помош од другите членови од групата, а после многу совети се одлучила за оној кој вклучува само две состојки.

На критичните места - аглите од туш кабината, преку ноќ ставила парче вата кое претходно го натопила со избелувач, а утрото сè било избелено и немало нималку мувла. Дури и неа ја изненадил овој резултат, па морала да им се пофали на останатите во групата.


Како доказ објавила и фотографија, а според коментарите многумина се воодушевиле.

„Ова е одлично. Се обидов да ставам избелувач неколкупати, но никогаш не на вата“, „Избелувач и мене ми помогна, само потребно е да се стави навечер“, се само некои од коментарите. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг