Манекенката Јована Џорџевиќ, која е родена во Нови Сад, моментално живее во Италија и заслужено ја носи титулата за една од најубавите Србинки.
Јована на Инстаграм има над 300 илјади следбеници, а фотографиите кои секојдневно ги објавува се доказ дека мајчинството и бременоста воопшто не се препрека за совршеното тело и одличниот изглед.
Манекенката има две деца со фудбалерот Филип Џорџевиќ, но и покрај тоа, нејзиното извајано тело е доказ дека тренингот и здравиот начин на живот се исплатат.
Таа неодамна објавила фотографии и видео снимка во која провокативно шета во кожни хеланки и ги “запалила” социјалните мрежи. Целиот изглед го надополнила со високи потпетици, а поради виткото тело добила бројни позитивни коментари.