Се огласи популарниот новинар по “инцидентот“ со Надал во Лондон - бара извинување

Точка

12/11/2019

18:22

3.758

Големина на фонт

а а а

Новинарот Убалдо Сканагата, изјавил дека очекува извинување од Рафаел Надал поради “инцидентот“ кој се случи на конференцијата за новинари во Лондон.

Италијанецот го прашал Шпанецот дали неодамнешната венчавка влијае на тоа да не може да биде фокусиран на тенисот.

Моментално, првиот тенисер на светот, бурно реагирал на тоа и на прашањето одговорил со прашање.

Сканагата изјавил дека е разочаран поради сето тоа што се случило по натпреварот меѓу Надал и Александар Зверев, кој го добил германскиот тенисер.

„Никогаш не сум имал проблеми со Надал... Тој е добро момче. Моето прашање не беше безобразно. Верувам дека венчавката е важна во животот, тоа е емотивен настан и поради тоа мислам дека не е глупаво да се постави прашање дали венчавката му пречи во тенисот“ - изјавил Сканагата.

Тој истакнал дека можеби Надал бил нервозен поради тоа што го загубил натпреварот.

„Како и да е, не заслужив така да ми одговори и тоа не можам да го прифатам. Се надевам дека ќе добијам извинување“ - заклучил Сканагата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг