“Мртвите не умираат”: Бил Мареј, Стив Бушеми, Тилда Свинтон, Иги Поп и други легендарни имиња денеска на филмското платно на Синедејс

Точка

12/11/2019

16:28

3.060

Големина на фонт

а а а

Денеска на репертоарот на Синедејс, посетителите ќе можат да погледнат две гала премиери, реприза на новиот филм на Педро Алмодовар, но и селекција од студентски филмови.

Особено внимание привлече филмот на американскиот режисер Џим Џармуш со наслов “Мртвите не умираат”. Приказната се одвива во гратчето Центрелвил, а актерската екипа ја сочинуваат Бил Мареј, Адам Драјвер, Том Вејтс, Стив Бушеми, Тилда Свинтон, Иги Поп, Дени Гловер, Селена Гомез и многу други познати имиња. 

“Нешто не е во ред во заспаното гратче Центервил. Месечината е огромна и спуштена многу ниско, часовите на денот стануваат непредвидливи, а животните почнуваат да покажуваат необично однесување. Вестите од градот се страшни и научниците се загрижени, но никој не ја предвидува најчудната и најопасна реперкусија што наскоро ќе почне да го вознемирува Центервил: мртвите стануваат од гробовите и почнуваат да се хранат со живите, а граѓаните се принудени да се борат за да преживеат”, вака е опишан филмот кој својата премиера ја имаше на Канскиот филмски фестивал оваа година.

“Мртвите не умираат” ќе биде прикажан денеска во кино Милениум со почеток од 20 часот.

Во придружната програма на 18-тиот фестивал на европски филм вечерва од 20:30 часот во МКЦ ќе се одржи промоција на автобиографската книга “Живот с иди(ј)отима” на Ненад Марјановиќ – поранешен басист на панк бендот “КУД Идијоти”.


Книгата го опфаќа дискографски најпродуктивниот дел од кариерата на бендот, кој во текот на воените години се здоби со култен статус низ целиот Балкан, а антивоениот став и нескриен антифашизам ги рангираа “КУД Идијоти” меѓу иконите на урбаната левица во овој дел од Европа.

Погледнете го целиот репертоар на Синедејс на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг