Сопругата на Алек Болдвин повторно доживеала спонтан абортус: “Сакаме да знаете дека иако моментално не сме во ред, ќе бидеме”

Кармин

12/11/2019

14:57

3.837

Големина на фонт

а а а

Само седум месеци по првиот спонтан абортус, сопругата на актерот Алек Болдвин објавила дека очекуваат принова. Потоа, таа пред еден месец открила дека чека уште едно девојче.

За жал, Хиларија во четвртиот месец од бременоста повторно доживеала спонтан абортус. 

“Многу сме тажни што мораме да ја споделиме оваа информација со вас дека денеска дознавме дека нашето дете почина во четвртиот месец од бременоста. Сакаме да знаете дека иако моментално не сме во ред, ќе бидеме. Пресреќни сме поради нашите четири деца – и никогаш нема да ги заборавиме”, напишала таа на својот Инстаграм профил.

“Не го очекував ова денеска кога заминав на преглед. Не знам што друго би кажала... и понатаму сум во шок и не ми е сè сосема јасно”, признала Хиларија и ги замолила папараците за приватност.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk