“Ова е с*ање“ - Рафаел Надал се налутил на новинарот поради прашањето за неговата сопруга: “Сериозен си? Ова е прашање или шега?“

Супермен

12/11/2019

14:46

4.122

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по поразот од Александар Зверев се налутил на прашање од новинар “дали концентрацијата во првиот натпревар на завршиот мастерс во Лондон е намалена поради тоа што неодамна се ожени“.

Италијанскиот новинар Убалдо Сканагата, основач на страницата “Ubi Tennis“, констатирал дека венчавката пред, за време и по прославата знае да одземе многу енергија, на што светскиот број еден тенисер бурно реагирал.

„Сериозен си? Ова е пашање или шега? Изненаден сум од ваквото прашање кога веќе 15 години го делам животот со иста девојка. Имам нормален живот и многу стабилен. За мене тоа не менува ништо, имам само плус бурма на раката. Јас сум нормално момче. Можеби венчавката за тебе беше стресна“ - му одговорил Надал на новинарот.


И веднаш му поставил прашање.

„Колку сте долго со вашата сопруга?“ - прашал Надал и кога добил одговор 30 години продолжил со расправијата.

„Можеби не си сигурен во себе. Одиме на прашањата на шпански јазик, ова е с*ање“ - заклучил Надал.

Тој на оваа конференција за новинарите бил исклучително нервозен.

Споменатиот пораз на Надал е добра шанса за Новак Ѓоковиќ за повторно годината да ја заврши како прв тенисер на светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk