Ноќевањето во оваа куќичка со најубавиот поглед на светот е бесплатно, но постои една “маана“

Кармин

12/11/2019

12:37

4.316

Големина на фонт

а а а

Куќичката која се наоѓа на врвот на планината, со најубавиот поглед кој може да го замислите, а целосно бесплатна - постои.

Единствената маана е тоа што не може секој да се искачи таму.

Куќичката е изградена на врвот на планината Форонон дел Буинз во Италија и служи како ноќевалиште за сите оние кои се доволно храбри и вешти да се искачат на нешто поголема висина од 2.500 метри. Тој мал планински дом е изграден во сеќавање на планинарот Лика Вуерики кој несреќно стадал во лавина.

Куќичката ја дизајнирал архитектот Џовани Пескамоска од Удине, Италија, а градежниот материјал бил обезбеден со хеликоптер.

Во текот на немилосрдните зими, куќичката е вистинско засолниште во тивката природа со еден од најубавите погледи на светот. Благодарение на подготвениот тим од 12 волонтери, изградена е за само еден ден.

Дизајнирана е како црквичка, со кос кров што спречува снегот да го затрупа нејзиниот влез. За оние кои се помалку храбри и искусни, ширум Алпите постојат слични куќички, но во поголемиот дел од нив ноќевањето се наплаќа. Во некои од нив дури има и луѓе кои готват и чистат.

„Од денот на отворањето на куќичката таа стана вистински хит за љубителите на планините. Во текот на острите зими, но и преку летото таа е сигурно место на карпите, со поглед кој го одзема здивот и тишината на природата“ - изјавил Пескамоска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk