SpaceX лансираше 60 сателити: Планетата ќе има супербрз интернет

Точка

12/11/2019

11:22

2.685

Големина на фонт

а а а

Американската приватна технолошка компанија "SpaceX" во вселената лансирала 60 сателити кои ќе овозможат супербрза интернет врска за корисниците ширум светот.

Ракетата "Falcon 9", лансирана од Кејп Карневал на Флорида, понела сателити во земјината орбита. 

Мисијата, четврта по ред, позната како "Starlink", има за цел да постави "соѕвездие" од сателити. Првите сателити во вселената се лансирани на 24-ти мај.

Компанијата на Елон Маск планира да постави 12.000 "Starlink" сателити во орбитата.

Како што пренесува агенцијата "DPA", тој број би можел да се искачи на 40.000 сателити, кои по истекот на векот на траење ќе изгорат во земјината атмосфера.

"Starlink" треба да овозможи интернет за значаен дел од светската популација, која уште не е он-лајн, посебно во руралните подрачја. Истовремено, интернетот би можеле да користат и останатите жители на планетата, кои не се задоволни од постоечките оператори.

Секој сателит е тежок околу 200 килограми, а со оглед дека се поставени во ниската орбита, на околу 2.000 километри од Земјата, можните застои или прекини во интернет врските се сведени на најмала можна мерка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг