Северина со полна пареа ја подготвува својата нова турнеја, а меѓу останатото, ја најави со предизвикувачка фотографија.
Имено, на фотографијата пејачката е облечена во црн корсет со чипкасти детали, жешки панталони, мрежести хулахопки и штикли.
„Подготвена сум за шоу“, најавила Северина покрај фотографијата.
За само два часа собрала над 10.000 лајкови, а фановите ја преплавиле со комплименти.
„Ти си една од најубавите пејачки на Балканот“, „Прекрасна си“, „Одлично тело“, „Едвај ја чекам турнејата“, се само дел од коментарите.