Оваа Јутјуб блогерка има прекрасен дом со мноштво зелени билки и пастелни бои

Кармин

11/11/2019

19:36

2.667

Големина на фонт

а а а

Рецензиите за убавина се првото нешто кое асоцира на искрената, забавна и смешна Есте Лалонд. Таа од 2011 година, кога го отворила својот профил, па сè до денес претставува огромна инспирација кога е во прашање модата, начинот на уредување на домот, секојдневните навики, патувањата...

Есте пред неколку години од Америка се преселила во Лондон, каде денес живее и работи. 

Нејзиниот стан е забавен микс од неколку стилови. Покрај елегантните и безвременски модели на мебел, станот го красат и внимателно одбрани светла, пастелни бои кои му даваат дополнителна топлина на просторот, но и мноштво зелени билки кои го пополнуваат речиси секое празно место. Освен дневната соба со софата во впечатлива боја, вниманието го привлекуваат и интересните фотографии на ѕидовите и богатата домашна библиотека, додека работниот простор е збогатен со инспиративни цитати и пораки на ѕидот.


Во спалната соба владее стилски минимализам нагласен со интересни мермерни детали и ламби изработени од бакар, додека кујната е во светли нијанси и е украсена со мноштво кактуси.



Во продолжение, погледнете ги фотографиите од нејзиниот модерен и забавен дом и пронајдете инспирација за уредување на вашиот животен простор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk