Фудбалерите на Јувентус синоќа славеа против Милан со минимални 1:0, а Кристијано Роналдо го одигра еден од најслабите натпревари во последните неколку години.
Роналдо не ни го дочека крајот на натпреварот - тренерот на Јувентус, Маурицио Сари го повлече од игра во 55-та минута и на негово место влезе Пауло Дибала кој го постигна победоносниот гол за Јувентус.
Се шпекулира дека Роналдо го напушти теренот поради повреда, но според неговата реакција при измената, може да се заклучи дека можеби и не станува збор за такво нешто, туку тоа било тактичка одлука на Сари.
Италијанските медиуми тврдат дека откриле што му рекол Роналдо на тренерот Сари при излегувањето од игра. Наводно тој на Португалски му рекол "vai pra o caralho", што во превот значи „од*еби“.
Incazzarsi ogni tanto fa bene 😂 #JuveMilan pic.twitter.com/xA1h8puzvU
— Alessandro Allara (@aallara) November 10, 2019