Жената била префрлена во болница откако имала интимен однос со својот сопруг – не знаеле што е причината за нејзината состојба, а потоа дошле до чудно сознание

Точка

11/11/2019

21:19

11.537

Големина на фонт

а а а

Жената за малку ќе починела поради алергиска реакција откако имала полов однос со својот сопруг без користење на заштитни средства, а сопругот во тоа време пиел антибиотици.

Американка (46) од Балтимор доживеала анафилатички шок по еден час од сексуалниот однос. По кожата ѝ се појавиле црвени точки, почнала интензивно да се поти и имала силна вртоглавица. Кога симптомите ѝ се влошиле со изразено чешање по кожата и диареа, префрлена била во болница.

Докторите заклучиле дека имала алергиска реакција на пеницилин иако им кажала дека не земала никаков лек или пак некоја необична храна тој ден.


Прво докторите претпоставиле дека пациентката боледува од сепса затоа што крвниот притисок ѝ бил многу низок. Ѝ дале инфузија и антибиотици против сепса. Сепак дополнителните тестови покажале дека нема инфекција и дека жената всушност била во анафилатички шок – изразена реакција на имунолошкиот систем на материја која ја препознава како штетна за телото.

Анафилатички шок предизвикува и нагло опаѓање на притисокот, а дишните патишта се “затнуваат“, предизвикувајќи гушење што во некои случаеви може да заврши фатално.

Што се случило всушност? Нејзиниот сопруг во тоа време пиел нафцилин, облик на пеницилин за лечење на воспаление на срцевиот мускул.


Нејзината реакција ја предизвикал семениот пренос на нафцилинот, како што на крајот заклучиле докторите. Веднаш ѝ дале адреналин кој се дава како превентива кај анафилатичкиот шок затоа што ги опушта мускулите околу дишните патишта во белите дробови и помага да се подигне крвниот притисок.

Состојбата на жената се поправила дури наредниот ден кога ја напуштила болницата. Ѝ забраниле сексуален однос со сопругот седум денови откако тој ќе ја испие својата терапија од антибиотици.

Пеницилинот, како и другите антибиотици се концентрираат во семената течност, а вагината може да ги апсорбира.




Спонзорирани линкови

Маркетинг