Се откажала од гламурот и живее со 16.000 месечна плата: Маја Оџаклиевска денес живее скромен живот со својот внук кој има аутизам

Точка

11/11/2019

23:33

13.572

Големина на фонт

а а а

Нашата пејачка која своевремено беше меѓу најпопуларните на сцена, решила својот живот да му го посвети на внукот кој боледува од аутизам и целосно да се повлече од јавноста.

Маја Оџаклиевска последните 15 години може да се види само на некои емисии каде што не крие да зборува за тоа дека сознанието за болеста на младиот Лука ѝ го срушилo светот.

Маја е мајка на две возрасни ќерки, Теа и Андреа, живее скромно, без гламур, а деновите ги поминува со својот внук за кој се грижи и на кој му го посветува своето време.

„Лука е аутистичен, сè уште не зборува и јас целосно му се посветив нему. Не велам дека се занемарив себе, но јас не сум во прв план во ваква ситуација. Тој стана целосно друго дете. Неговата душа очигледно мноу страда. На секој од нас нешто му пречи, а нему можеби му пречи лаењето на кучињата. Тоа е многу индивидуална работа и секое дете со аутизам е свет за себе, секое има некој свој проблем“ – изјавила пејачката за медиумите.

Маја во емисијата “150 минути“ открила дека Лука осум месеци живее само со неа и дека на почетокот тоа не било лесно.

„Првите три месеци беше тешко. Одвојувањето од родителите тој го манифестираше како самоповредување. Тоа е многу типично за аутистичните деца. Како што сфаќаше дека јас сум некој кој безусловно го сака така и тој омекнуваше кон мене“ – изјавила Оџаклиевска.

Кога одлучила да заврши со својата музичка кариера таа го продолжила својот живот со пензија од 16.000 денари месечно затоа што како што вели таа “подобро ќе живее од тие пари отколку малтретирањето за десет пати повеќе пари со посилно чувство на грижа“.


„Не можам на мојот внук многу работи да му овозможам поради мојата мала пензија, но тој е разумен. Кога ќе му речам: „Баба, не може тоа, немаме пари“, ќе се подналути, но молчи. Не е бесно дете кое на било кој начин го добива тоа што го сака“ – искрено рекла Маја која целосно отворено разговара на оваа тема.

Таа истакнала дека нејзиниот внук до неговата втора година изговарал само одредени зборови.

„Првите две години изговараше зборови кои се типични за тој период на секое дете, како: мама, тато, баба. А, сега повеќе не зборува. Тој веќе пет години молчи. Некогаш пее и изговара некои слогови. Мислам дека дојде период кога мора да му се помогне на соодветен начин заедно со сите оние луѓе од кои побаравме помош за да може да прозбори“ – изјавила пејачката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг