Доколку светот го послушал овој архитект, Јадранското море и Медитеранот денес не би постоеле

Точка

07/11/2019

12:54

13.492

Големина на фонт

а а а

Пред нешто помалку од еден век, во предвечерјето на Втората светска војна, тогашната германска елита расправала за идејата на создавање на суперконтинет кој би го сочинувале Европа и Африка. Имагинарниот континент дури имал и име – Атлантропа.

Звучи лудо од денешна перспектива, но во тие дваесетти години, Атлантропа била повеќе од актуелна идеја. За тоа сведочи и обемната документација, исечоците од бројни географски магазини како и цела мапа на потенцијали европски градови во Африка која се чува во минхенскиот музеј. Творецот на идејата за суперконтинентот е германскиот архитект Херман Соргел. 

Но, како воопшто би настанала Атлантропа? Според идејата на Соргел, со исушување на целиот Медитеран. Финалните нацрти за Атлантропа откриваат дека Медитеранот би бил поделен на неколку делови кои опфаќаат брана на Гибралтар, две брани на реката Конго, како и создавање на море во Чад и Конго. Со тоа, на милиони Европејци би им било овозможено да пронајдат подобар живот во Африка и на крај да доминираат со “Црниот континент”, што во добата на расизмот и колонијализмот било потполно прифатлива идеја.

Иако ваквата идеја денес се поврзува со фашистите, она што Атлантропа ја правело толку привлечна е визијата за “мир во светот” која ја застапувал овој проект со едноставно технолошко решение (изградба на брани и мостови).

Основата на суперконтинентот би била џиновска хидроелектрана преку која би се напојувал поголемиот дел од двата континети, а независниот Совет би имал овластување да ја ускрати енергијата на секоја држава која би станала закана по светскиот мир.

Покрај тоа, планот на Соргел изискувал вложување на пари од секоја држава за реализација на проектот, што не би останале доволно средства за финансирање на војната. Од денешна перспектива, оваа идеја делува многу утописки, но Соргел толку верувал во неа што ѝ посветил поголем дел од животот.

Тој ги промовирал своие идеи ширум светот преку печатот, радиото, филмовите, изложбите, па дури и преку операта која го носи името “Атлантропска симфонија”.

Напишал и неколку книги на таа тема, а првата од нив – “Panropa Project” ја објавил во 1929 година, во која го опишал исушувањето на Медитеранот и наводнувањето на Сахара. Таа идеја ја разработил на нов начин во книгата “Atlantropa”. До смртта во 1952 година, архитектот напишал уште четири книги за ваквиот утописки проект.

Неговата идеја, секако никогаш не била спроведена на дело, а доколку би била, прашање е што би останало од Јадранското море и целиот Медитеран и како би изгледале Европа и Африка денес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг