Состав со работен наслов “Што сакам да бидам кога ќе пораснам“ е неизбежен во текот на училишните денови.
Сепак, еден состав кој доаѓа од Хрватска предизвикал големо внимание на социјалните мрежи.
“Кристијан! Твојата задача е загрижувачка. Од сите можни професии на светот ти избираш да се разбудиш како дилер. Ниту да си напишел цела страна на таа тема, нема да добиеше двојка никако. Не ми паѓа на памет оваа твоја задача, преполна со илегални работи и набројување на различни опојни средства воопшто да се обидам да ја поправам. Ќе напишеш нов состав, со нова тема која јас ќе ја одредам, а во неа не сакам повеќе да читам за никакви дилери ниту пак дроги ниту пак за било каква друга таква работа која според законот на Хрватска е забранета. Длабоко сум шокирана! “ - напишала професорката и го оценила составот со недоволен еден.
Odgovor na sastav hrvatskog učenika. pic.twitter.com/72PiD9IIyo
— babura velika (@BaburaVelika) November 6, 2019
Ученикот на крајот од својот состав напишал “може ли двојка за сработеното?“. Очигледно дека овој ученик сакал само да се пошегува или пак гледал премногу гангстерски филмови.