Како сопругата на угледниот адвокат од 18+ видеото на својата ќерка создала вистинска империја?

Кармин

06/11/2019

13:15

6.618

Големина на фонт

а а а

Крис Џенер вчера го прославила својот 64-ти роденден. Популарната риалити ѕвезда и една од највлијателните менаџерки на светот денес е на врвот на бизнисот во семејството Кардашијан-Џенер.

Џенер е “тешка“ 90 милиони долари додека пак нејзината најмлада ќерка Кајли Џенер има милијарди, а родена е 1997-та година.

Крис Џенер јавноста ја запознала додека сè уште била Крис Кардашијан. Таа и нејзиното семејство станале познати за време на судењето на О.Ј. Симпсон кој бил нивни семеен пријател, а покојниот сопруг на Крис, Роберт негов адвокат.


Во бракот со Роберт Кардашијан, Крис родила четири деца - Кортни, Ким, Клои и Роб, а парот се развел во 1990-та година.

Пред бракот со Роберт Кардашијан, Крис немала пари, а одреден период работела како стјуардеса. По бракот со адвокатот го запознава атлетскиот олимписки првак Брус Џенер (денес Кејтлин Џенер) и се венчала со него. Од бракот добиле две ќерки - Кендал и Кајли, а сега се во многу лоши односи затоа што Брус од сопругата ја криел својата трансродност.


Империјата Кардашијан-Крис почнала да се создава по 2007-та година кога во јавноста се појавило порно видео од нејзината ќерка Ким. Првите неколку денови таа била очајна и плачела во својот дом, но својот очај не го покажувала во јавноста.


Потоа, ангажирала експерти, а видеото го откупила компјанијата “Vivid“ и на него заработувала милиони. Тоа за Крис било знак дека треба да почант да емитуваат риалити програм кој Американците го гледаат веќе 12 години, а во џебовите на славното семејство носи милиони иако тоа не е нивниот единствен извор на пари.


„Мајка ми секогаш велеше дека треба од вода да правиме вино“ - велат нејзините ќерки, а илјадници луѓе ќе се согласат со тоа дека успеале од ништо да созадат царство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk