“Негостопримливо“ место на Земјата на кое животот не може да опстане

Точка

06/11/2019

10:01

3.809

Големина на фонт

а а а

Француските научници откриле во какви услови не може да се развие органскиот живот на Земјата, а за да го откријат тоа, се упатиле кај топлите извори Далол во етиописката област Данакил, едно од подрачјата на Земјата со најнеповолни услови за живот.

Тие жешки извори се сметаат за едни од најтоплите ширум светот, но не се единствени само поради големата топлина. Целиот предел е исполнет со мали езера и извори со исклучително кисела и солена вода која заедно со околното тло проиведува преубава палета на бои - зелена, жолта, портокалова и кафеава.

Иако на прв поглед може да делува интригантно и убаво на некој вознемјански начин, целото подрачје е многу “негостопримливо“ и воздухот е токсичен, а сето тоа благодарение на вулканот кој лежи под егзотичниот рејлеф. Поради екстремните услови, ова подрачје отсекогаш ги фасцинирао научниците, а една од експедициите се одржала во 2016-та година и била поради истражување за тоа дали живото може да се развива таму.

„Тоа е единственото восхитувачко, но непријатно место. Воздухот е исполнет со хлор. Доколку постојат било какви микроорганизми тогаш мора да бидат екстрамофилни микроби кои би биле многу интересни за астробиолозите“ - изјавил лидерот на експедицијата Фелипе Гомез од шпанскиот центар за астробиологија.

Тимот во заклучокот на истражувањето навел дека ги нашле првите докази за постоење на живот во врелите, кисели извори и тоа ултрамали микроогранизми со големина на нанометар. Новото истражување докажало дека таму постои и археја (прабактерија).

„Дали има живот во овие базени? Ние велиме не и тоа врз основа на комбинираните молекуларни и микроскопски техники“ - наведува францускиот тим.

Во нивното истражување кое е објавено оваа недела во списанието “Nature Ecology & Evolution“, тимот користел голем број на аналитички методи како и многубројни примероци земени од четири зони во рамките на Далол.

„Поголемиот број на откриени микроогранизми веќе се добро познати и потекнуваат од нашите теренски и лабораториски опреми додека пак останатиот дел од трагите на бактериски, генетски секвенци донесени се оддалеку и потекнуваат од многубројните туристички посети“ - објаснуваат истражувачите.

Како што се наведува во заклучокот од истражувањето, резултатите покажуваат дека активниот, природен, микробиолошки живот не може да се пронајде во изворите и езерата.

„Идентификувавме две големи физио-хемиски бариери кои го спречуваат животот во таа област на Земјата“ - велат научниците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг