“Влезе во теретана и почна да вреска - каде е таа ку*ка? А, потоа дознавме...“

Точка

06/11/2019

09:08

6.030

Големина на фонт

а а а

Теретаните веројатно никогаш не биле попопуларни од денес, а изгледа дека не ги посетуваат сите само поради вежбање. Неколку луѓе кои работат во теретана одлучиле да ги раскажат најлошите работи кои ги доживеале на работа. Кога ќе ја слушнете нивната исповед ќе сфатите дека навистина не им е лесно.

„Стоев позади пултот кога влезе една жена. Се поздравив, а нејзиниот одговор беше: „Каде е таа ку*ка?“ Почна да вреска по мене. „Каде е таа, сакам да знам каде е? Знам дека е тука!“ Го повикав шефот за да се обиде да ја смири, а потоа дознавме дека мојата колешка од теретана спие со нејзиниот сопруг. Сопругот сè ѝ признал и ја обвинил колешката од работа дека го завела и дека таа е виновна. Жената потоа дојде во теретана, а јас го примив “куршумот““ - раксажал Џереми.

Уште една приказна имал вработен од некоја друга теретана.

„Еден маж беше убиен во теретаната во која работам, го уби полицаец во соблекувалната. Еден ден тој, истиот човек, повреди една девојка кај нас во теретана па му ја одзедовме неговата членска карта. Меѓутоа, тој после неколку денови повторно се врати, но се степа со нашето обезбедување па мораше да повикаме полиција. Не сакаше да ги слуша наредбите, се степа со полицијата и така го застрелаа. За жал тој повеќе не е жив“ - раскажал Двејн.

Останатите приказни погледнете ги на видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг