Од аголот на една млада љубовница: „Спиев со оженет маж, а потоа...“

Кармин

30/10/2019

16:47

10.436

Големина на фонт

а а а

Една 21-годишна девоја одлучила по пат на блог да ја раскаже својата приказна - поради што спиела со оженет маж?

Мажот (32) го запознала во едно кафуле. На него сè ѝ се допаѓало, неговото однесување, неговите зелени очи... Веднаш ѝ се допаднал и ѝ бил многу шармантен. Веќе во првиот разговор ѝ кажал дека е во брак, а и следниот пат кога се сретнале (повторно во кафуле) многу ѝ зборувал за неговата сопруга.

Наспроти тоа, сепак таа флертувала со него и наскоро си размениле телефонски броеви.

„Кога му го дадов својот мобилен телефон, знаев дека набрзо ќе имаме сексуален однос“ - напишала.

Прво договориле состанок, отишле во кино и се бакнале.


Неколку денови подоцна се случило: 21-годишната девојка знаела дека тоа е погрешно, но сепак спиела со него во неговиот автомобил.

„Тоа беше најдобриот сексуален однос во мојот живот“.

Почнале да се гледаат речиси секој ден, секогаш тајно, а наскоро се појавиле и емоции.

„Бев вљубена во маж кој морав да го кријам затоа што моите пријатели беа згрозени од тоа“.

Во еден момент таа му рекла: „Те сакам“, а тој ѝ возвратил на истиот начин, но тоа го одрекол неколку денови подоцна. Таа патела - била заљубена во маж кој никогаш нема да биде со неа. Се чувствувала лошо, знаејќи дека тој е покрај друга жена и дека таа ќе му остане доколку ја прекине аферата со неа, а таа ќе остане сама.

„Почнав да излегувам со други мажи. Му го премолчував тоа затоа што кажа дека ме сака само за себе“.


Тој почнал да ги избегнува нејзините повици и некогаш одвреме-навреме се појавувал кај неа. Тоа било премногу за неа: „Го прекинав тоа“.

Неколку години подоцна појасно гледала на работите. Тага, одбивање, лаги... Сето тоа било само лошо време за неа. Напишала: „Тоа не беше љубов, тоа што го имавме беше нешто од страст, празнина и тага. Дали тоа повторно би го направила? Во никој случај“.

Таа ги предупредила и сите други девојки: „Немојте да паѓате во такво искушение - навистина не е вредно“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk