„Кога имам нов партнер, срам ми е да му кажам што е потребно за да можам да доживеам оргазам, а не сакам да лажам“.
Неможноста да се достигне оргазам од “нормален“ секс, не е непозната за поголем број од жените. Иако менуваат партнери во потрага по оној вистинскиот кој ќе ги отклучи нивните страсти сепак заклучокот на крајот е ист.
Поради овој проблем, една 35-годишна девојка се обратила кај секс терапевт.
„Имам 35 години и никогаш не сум доживеала оргазам во текот на пенетриција. Имав неколку партнери, од кои со некои бев и во подолга врска и уживам во скесот, но оргазам може да ми пружи само орална или пак рачна стимулација. Што не е во ред со мене? Понекогаш тешко ми е тоа да му го објаснам на партнерот и да му кажам дека ништо не прави погрешно, дека не е до него што не можам со пенетриција да достигнам оргазам и дека тоа не значи дека не уживам во сексот. А кога имам нов партнер, срам ми е да му го кажам тоа“.
Дека се работи за целосно вообичаена појава, за онаква од која ни најмалку не треба да се срамите, на пациентката ѝ објаснила американската секс терапевтка Памела Коноли.
„За поголемиот дел од жените најсилната сензација на сексуалното задоволство потекнува од стимулација на клиторисот. Вагиналната пенетриција ќе ве донесе до оргазам само доколку нервните завршетоци во вашиот клиторис се доволно ангажирани. Но, многу од луѓето тоа не го знаат. Со вас е сè во ред, вашата сексуална реакција е целоно нормална. Обидете се да пронајдете начин во текот на сексуалниот однос стимулацијата на клиторисот да биде поинтензивна, можеби со мануална помош (ваша или пак од партнерот) или пак експериментирајте со различни пози. Едуцирајте и вашите партнери и покажете им што ви треба. Во поголемиот дел од случаите ќе ви бидат благодарни поради вашите упатства“ - вели секс терапевтката.