Заев: Предвремените избори ќе се одржат на 12-ти април в година

Нетпрес

20/10/2019

20:45

4.451

Големина на фонт

а а а

Предвремените парламентарни избори ќе се оддржат на 12 април идната година, се договорија на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски лидерите на шест партии што имаат пратеници во Собранието, соопшти премиерот Зоран Заев.

Техничката влада ќе се формира 100 дена пред одржување на изборите, односно на 3 јануари.

„Имаме период за 100 дена пржинска влада. Техничкиот премиер таа влада ќе ја води од 3 јануари до завршувањето на изборите. Имаме можност да разговараме и за промена на изборниот модел. За СДСМ е прифатливо да имаме една изборна единица, но треба да ги слушнеме и другите политички партии. За нас е важно да направиме еден исчекор напред кон демокрстизацијата“, рече Заев.

Премиерот Зоран Заев треба да поднесе оставка и да се избере нов технички премиер и нова техничка влада. Техничкиот премиер ќе биде по предлог на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ ќе добие министри за внатрешни работи и труд и социјална политика, односно од овие места ќе заминат Оливер Спасовски и Мила Царовска. Опозициската партија ќе добие и заменици-министри за финансии, земјоделие и за информатичко општество и администрација



Спонзорирани линкови

Маркетинг