Светска премиера на филмот „Врба“ од Манчевски во Рим

Макфакс

20/10/2019

12:32

2.972

Големина на фонт

а а а

Со гала-премиера и со прошетка по црвениот килим, синоќа, во рамките на 14. издание на Филмскиот фестивал во Рим, премиерно беше прикажан најновиот игран филм „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски.

На премиерата, која се одржа во салата Петраси, во најголемиот јавен музички комплекс „Паркот на музиката“, присуствуваше и министерот за култура, Хусни Исмаили.

За „Врба“, првиот фестивалски ден во Рим започна со утринска проекција за новинарите, а потоа следуваше прес-конференција со режисерот Манчевски и со македонските актерки Сара Климоска, Наталија Теодосиева и КамкаТоциновски. 


Филмот „Врба“ на Фестивалот во Рим се најде во официјалната програма меѓу 33 филмови од 25 земји во светот. Најавувајќи ја програмата, уметничкиот директор на Фестивалот, Антонио Монда, го опиша филмот на Манчевски како „прекрасен“. Тој додаде дека годинава Фестивалот е во знакот на жената: елегантен и стамен, поими кои реферираат и на „Врба“, кој говори за мајчинство, љубов и доверба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг